Македонското здружение за сончева енергија „Солар Македонија“ е стручно, научно, образовно и невладино здружение основано во 2006 година, според иницијатива на основачите присутни на светскиот конгрес за сончева енергија во Глеисдорф во Австрија.
До скоро здружението броеше 20-ина членови (физички и правни лица кои работат во полето на обновливите извори на енергија), а сега над 50 благодарение на активностите спроведени преку последните два проекти поддржани од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.
Примарен фокус на здружението
– зајакнување на соработката меѓу македонските компании во сончевиот сектор, експерти и научници од сите научни гранки со цел промоција на обновливите извори на енергија;
– подобрување на амбиентот за производство на сончеви колектори и системи, нивно инсталирање, сервисирање и одржување;
– континуирано промовирање на употребата на сончевата енергија како одржливо решение за енергетските потреби во комбинација со другите ОИЕ;
– членка на Европската федерација за сончева енергија ESTIF, соработник на Solar Word Wide – светски часопис за сончева енергија;
– повеќе реализирани проекти со помош на: Aвстриската агенција за развој АDA, Erasmus+ проект помеѓу Македонски и Бугарски општини и училишта, Европски развојно истражувачки проекти: EU FP7: Renew X, Eagle, издадени повеќе книги и прирачници;
– презентации, промоции во: Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, конгреси и симпозиумии, соработка со други здруженија во земјата и регионот;
– лобирања за подобрување на условите во кои работи сончевиот сектор во Северна Македонија.
Битно е да се напомене дека Солар Македонија поседува верифициран центар за обука од страна на Министерство за Образование според решение број УП1 10-123/2019 од 31.01.2020 и има верифицирана програма за изведувачи на системи за обновливи извори на енергија УП1-13-858 од 07.09.2020.
Здружението е раководено од искусни професионалци кои работат долги години во сончевиот сектор, дополнително има вработено лице задолжено за раководење на проектите во рамките на организацијата.