Најави се

Прва детска амбасада во светот Меѓаши

ул. Коста Новаковиќ 22а

Првата детска амбасада во светот-Меѓаши е меѓународна НВО чија цел е заштита на децата и нивните права и зајакнување на НВО движењето за детските права. Основана на 29-ти април 1992 година во Скопје од основачите Гордана и Драги Змијанац. Меѓаши се залага за почитување на детскта личност преку почитување на детските права, застапување на детските интереси, поврзување на децата од различни средини и ги збогатува нивните животи со активности кои го прават детството сигурно и творечко. Исто така го зајакнува и НВО движењето за заштита на детските права во Република Македонија преку развивање на волонтерскиот пристап во своето работење и се грижи за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето.

Локација

Активноста е верификувана

Контактирај го објавувачот

    Објавено од Драги Змијанац

    Првата детска амбасада во светот е основана на 29 Април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана меѓународна, непрофитна, непартиска и невладина организација во Република Македонија за заштита на правата на детето. Амбасадата Меѓаши се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето. Амбасадата со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата. Основачи nа Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац https://mk.wikipedia.org/wiki/