Најави се

Contact

Испрати порака

Испрати порака

About

Проф. д-р Мирко Спироски дипломирал на Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, Република Македонија (1972) каде што подоцна магистрирал (1978) и докторирал (1989). Тој е основач и Директор на Институт за имунобиологија и хумана гентика при Медицинскиот факултет во Скопје, Република Македонија од неговото основање до септември 2013 година. Тој вовел неколку предмети во наставните програми за Медицинскиот факултет (имунологија и Хумана гентика), за Факултетот за природни науки (Имунохемија со базична имнологија, Биохемија-3, Имуногенетика) за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (Генетика во спортот) и за магистерските студии за јавно здравје (Генетика во јавно здравје). Тој го вовел предметот Основни научни методи за Школата за докторски студии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија. Негов научен интерес е имунологија, но објавувал исто така во полињата на молекулска антропологија и хумана генетика. Тој бил Генерален секретар и Заменик уредник на списанието Годишен збрник на Медицинскиот факултет во Скопје, и Главен и одговорен уредник на списанието Македонско списание за медицина. Проф. д-р Мирко Спироски е основач и Главен и одговорен уредник на слисанието Open Access Macedonian Journal of Medical Sciences, порано познато како Macedonian Journal of Medical Sciences. Тој е Придружен уредник на списанието Gene, како и Консултативен уредник и експерт во списанието Anthropological Researches and Studies. Од 1. Февруари, 2017 година до 31. Декември 2017 година бил вработен во Жан Митрев клиника во Скопје, Република Македонија. Почнувајќи од 1. Јануари 2018 година работи како директор во Научна фондација СПИРОСКИ, Скопје, Република Македонија.