Најави се

Contact

Испрати порака

Испрати порака

About

Асоцијацијата за Напредок, Едукација и Лобирање – НЕЛ е непрофитна, невладина организација која има за цел да ја подобри ситуацијата на младите луѓе и жените во сите сфери на социјалниот живот. Ова го постигнуваме со промоција на човековите права и волонтирањето и нивните вредности, и овозможувајќи им ги овие работи на сите граѓани. Членовите на НЕЛ припаѓаат на различни етнички, религиозни и родови групи, кои живеат во Северна Македонија, и кои се на возраст над 16 години. Главни подрачја во кои работиме се: човекови права, родови односи, граѓанска свесност, инклузија на маргинализирани групи и малцинства, миграции, волонтирање и одржлив развој. НЕЛ работи со ЕВС (Европски волонтерски сервис) од 2004 година и оттогаш има примено и испратено многу волонтери. Сега можеме да испраќаме, примаме и координираме волонтери (2017-1-MK01-KA110-03544) АКТИВНОСТИ: – Организирање работилници, обуки, семинари, тркалезни маси, платформи за вредностите што ги промовираме; – Промовирање на целите и активностите на нашата организација преку медиуми и јавни собири; – Организирање кампањи (локални, национални и интернационални); – Координирање размени на волонтери на локално, национално и интернационално ниво; – Соработка со други локални и интернационални организации кои ги промовираат нашите вредности.