Најави се

Асоцијација за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ Скопје

Асоцијација за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ Скопје

Категорија

Product Description

Асоцијацијата за Напредок, Едукација и Лобирање – НЕЛ е непрофитна, невладина организација која има за цел да ја подобри ситуацијата на младите луѓе и жените во сите сфери на социјалниот живот. Ова го постигнуваме со промоција на човековите права и волонтирањето и нивните вредности, и овозможувајќи им ги овие работи на сите граѓани.

Членовите на НЕЛ припаѓаат на различни етнички, религиозни и родови групи, кои живеат во Северна Македонија, и кои се на возраст над 16 години.
Главни подрачја во кои работиме се: човекови права, родови односи, граѓанска свесност, инклузија на маргинализирани групи и малцинства, миграции, волонтирање и одржлив развој.
НЕЛ работи со ЕВС (Европски волонтерски сервис) од 2004 година и оттогаш има примено и испратено многу волонтери. Сега можеме да испраќаме, примаме и координираме волонтери (2017-1-MK01-KA110-03544)

АКТИВНОСТИ:

– Организирање работилници, обуки, семинари, тркалезни маси, платформи за вредностите што ги промовираме;
– Промовирање на целите и активностите на нашата организација преку медиуми и јавни собири;
– Организирање кампањи (локални, национални и интернационални);
– Координирање размени на волонтери на локално, национално и интернационално ниво;
– Соработка со други локални и интернационални организации кои ги промовираат нашите вредности.

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Асоцијација за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ Скопје”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.