Најави се

Меѓународен центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи – македонска секција (SDEWES-Скопје)

Меѓународен центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи – македонска секција (SDEWES-Скопје)

Категорија

Product Description

Македонскиот огранок од Центарот SDEWES привлекува научни и стручни кадри од висок ранг и широк опсег на дисциплини во областа на одржливиот развој на енергетските, водните и околинските системи. Целта е да се обезбеди научна поддршка при донесување одлуки и стратешкото планирање во следните области:

  • Климатски промени (инвентаризација и проекциja за емисиите на стакленичките гасови и цели за нивно намалување)
  • Енергија (планирање, политики, цели)
  • Одржлив развој (планирање, интра- и интер- секторско делување, метрика и индикатори, потенцијали, модели, трошоци и добивки)
  • Стратегии за развој со ниски емисии
  • Зелена економија и добро владеењe

Наведените проблеми ќе бидат разработени преку планиран и балансиран опсег активности кои предвидуваат:

  • Моделирање и интегративно проценување со цел да се обезбеди солидна основа за информирано донесување одлуки.
  • Обука и градење на капацитети преку организација на работилници и конференции со цел да се профилираат стручни аналитичари и научно-потковани политичари.
  • Поддршка за ангажирање на чинителите и социјален маркетинг, со цел да се овозможи и зајакне партиципативниот пристап во процесот на донесување одлуки и и да се мотивираат промените во однесувањето.
  • Споменатите активности на SDEWES-Скопје би можеле да бидат проширени и на регионално ниво со вклучување на соседни земји-членки како и земји со кандидатски статус за интеграција со Европската унија. Ова би било во склад со заложбите за координација и интеграција на заедничките предизвици и за посилни ефекти од заедничките напори во нивно решавање.

Реализирани проекти:

  • LOCSEE: Low Carbon South East Europe
    (http://www.locsee.eu/)
  • BioVill: Bioenergy Villages – Increasing the Market Uptake of Sustainable Bioenergy
    (www.biovill.eu/)
  • CoolHeating: Market uptake of small modular renewable district heating and cooling grids for communities
    (www.coolheating.eu/mk/)

Тековни проекти:

  • BE-Rural: Bio-based strategies and roadmaps for enhanced rural and regional development in the EU
    (be-rural.eu)
  • REPLACE: Making heating and cooling for European consumers efficient, economically resilient, clean and climate-friendly
    (www.replace-project.eu)

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Меѓународен центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи – македонска секција (SDEWES-Скопје)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.