Најави се

Јавно Претпријатие Дрисла Скопје

Јавно Претпријатие Дрисла Скопје

Категорија

Product Description

Депонијата Дрисла е лоцирана во југоисточниот дел од градот Скопје на оддалеченост од 14 км од центарот на градот. Се простира на површина од 76 ха, со проектен капацитет од 26.000.000 м3 депониран комунален отпад. Во проектната документација е планирано дека истата ќе биде наполнета за околу 30 години, но во досегашната експлоатација од 26 години, истата е исполнета до 55 % од вкупниот капацитет, што укажува на фактот дека следните 30 години има начин на депонирање, без претходна селекција и искористување на отпадот кој може да служи како секундарна суровина (хартија, метал, стакло, пластика). Во досегашната експлатација од 26 години, во депонијата се депонирани 3.837.252 тони отпад.

Депонијата Дрисла е изградена во периодот од 1990-1994 година, а во април 1994 година со Одлука на Собранието на Градот Скопје е формиран посебен правен субјект ЈП „Дрисла“ Скопје, кој стопанисува со новоизградената депонија.
Претпријатието е регистрирано за вршење на следните дејности:
• 38.21 – Обработка и отстранување на безопасен отпад
• 38.22 – Обработка и отстранување на опасен отпад
• 38.12 – Собирање на опасен отпад
• 35.14 – Трговија на електрична енергија
• 35.30 – Снабдување со пареа и климатизација
• 38.32 – Обновување на посебно издвоени материјали
• 46.77 – Трговија на големо со отпадоци и остатоци
• 49.41 – Товарен патен транспорт
• 77.12 – Изнајмување и давање под закуп на камиони
• 77.39 – Изнајмување и давање под закуп на останати машини, опрема и материјални добра неспомнати на други места

Во депонијата Дрисла се врши третман на следните видови отпад:

1. Третман по пат на депонирање:

комунален отпад
градежен шут
индустриски неопасен отпад
отпад кој содржи азбестни компоненти
2. Третман по пат на согорување, а од средината на 2021 година ќе се започне со стерилизирање во аутоклав:

медицински отпад,лекови.
3. Физичко – хемиски третман:

индустриски отпад
Санитарната депонија Дрисла е во функција 24 часа на ден, 365 дена во годината, што значи дека нема прекин во технолошкиот процес. Ова го наложува самата технологија на работење, односно го наметнува специфичноста на дејноста.
Технологијата на депонирање на отпадот во депонијата Дрисла е базирана на главниот технолошки проект за депонијата, што вклучува санитарно депонирање на комуналниот цврст и индустриски отпад.

Во своето работење депонијата Дрисла ги употребува следните методи:
• Одлагање на отпадот;
• Негово планирање;
• Набивање на испланираниот отпад; и
• Покривање на отпадот со инертен материјал со дебелина од 30см.

Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проект според кој е проектирана депонијата имајќи ги во предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките закони (Закон за управување со отпад, Закон за заштита на животната средина и други пропишани законски акти кои се однесуваат на дејноста на претпријатието).

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Јавно Претпријатие Дрисла Скопје”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.