Најави се

Македонско здружение за сончева енергија, Солар Македонија

Македонско здружение за сончева енергија, Солар Македонија

Категорија

Product Description

Македонското здружение за сончева енергија „Солар Македонија“ е стручно, научно, образовно и невладино здружение основано во 2006 година, според иницијатива на основачите присутни на светскиот конгрес за сончева енергија во Глеисдорф во Австрија.

До скоро здружението броеше 20-ина членови (физички и правни лица кои работат во полето на обновливите извори на енергија), а сега над 50 благодарение на активностите спроведени преку последните два проекти поддржани од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Примарен фокус на здружението

–           зајакнување на соработката меѓу македонските компании во сончевиот сектор, експерти и научници од сите научни гранки со цел промоција на обновливите извори на енергија;

–           подобрување на амбиентот за производство на сончеви колектори и системи, нивно  инсталирање, сервисирање  и одржување;

–           континуирано промовирање на употребата  на сончевата енергија како одржливо решение за енергетските потреби во комбинација со другите ОИЕ;

–           членка на Европската федерација за сончева енергија ESTIF, соработник на  Solar Word Wide –  светски часопис за сончева енергија;

–           повеќе реализирани проекти со помош на: Aвстриската агенција за развој АDA, Erasmus+ проект помеѓу Македонски и Бугарски општини и училишта,  Европски развојно истражувачки проекти: EU FP7: Renew X, Eagle,  издадени повеќе книги и прирачници;

–           презентации, промоции во: Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија,  конгреси и симпозиумии, соработка со други здруженија во земјата и регионот;

–           лобирања за подобрување на условите во кои работи сончевиот сектор во Северна Македонија.

Битно е да се напомене дека Солар Македонија поседува верифициран центар за обука од страна на Министерство за Образование според решение број УП1 10-123/2019  од 31.01.2020 и има верифицирана програма за изведувачи на системи за обновливи извори на енергија УП1-13-858 од 07.09.2020.

Здружението е раководено од искусни професионалци кои работат долги години во сончевиот сектор, дополнително има вработено лице задолжено за раководење на проектите во рамките на организацијата.

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Македонско здружение за сончева енергија, Солар Македонија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *