Product Description
Првата детска амбасада во светот-Меѓаши е меѓународна НВО чија цел е заштита на децата и нивните права и зајакнување на НВО движењето за детските права. Основана на 29-ти април 1992 година во Скопје од основачите Гордана и Драги Змијанац. Меѓаши се залага за почитување на детскта личност преку почитување на детските права, застапување на детските интереси, поврзување на децата од различни средини и ги збогатува нивните животи со активности кои го прават детството сигурно и творечко. Исто така го зајакнува и НВО движењето за заштита на детските права во Република Македонија преку развивање на волонтерскиот пристап во своето работење и се грижи за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето.
Reviews
There are no reviews yet.