Најави се

Волонтерски Центар Скопје

Волонтерски Центар Скопје

Категорија

Product Description

Волонтерски Центар Скопје е невладина младинска организација формирана во 2005 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. Главната цел на организацијата е да им овозможи неформално образование  на младите луѓе во различни области, на локално и интернационално ниво,  да се промовира идејата за волонтерството и да се поврзат младите луѓе без оглед на нивната националност, религија, политички, економски или социјален статус. Вложуваме напори за развој на мултикултурно граѓанско општество, да се зајакне постоечката демократска структура, за подобрување на афирмацијата кај младите преку нивните индивидуални способности и вештини и да се поврзат младите се со цел нивна поголема соработка.

Волонтерски Центар Скопје како активен, признаен и влијателен фактор и партнер во општеството кое нуди еднакви можности и пристапи за подобрување на животниот стандард на младите луѓе.

ВЦС Скопје работи како активен понудувач на информации и можности за волонтерство и неформална едукација, како на локално така и на меѓународно ниво, приближувајќи ги Европските фондови и програми до младите и нивно вклучување во процесите на донесување на одлуки и младинското информирање.

Во изминатите петнаесетина години, преку разни програми и проекти на ВЦС, минале над 10.000 млади волонтери од Македонија и од странство.

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Волонтерски Центар Скопје”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *