Најави се

Здружение за Бизниси и Консултанти КРЕАЦИЈА Скопје

Здружение за Бизниси и Консултанти КРЕАЦИЈА Скопје

Категорија

Product Description

ЗБК Креација е македонска невладина организација, формирана 2001 година и посветена на помагање и поддршка на поединци и групи, во процесот на градење на капацитетите и спроведување на нивните идеи за бизнис и економски развој. Главната цел на Здружението е да ја прошири размената на производи и услуги од Македонија на локалниот и глобалниот пазар. Здружението е специјализирано за дизајнирање и управување со процедури и програми во две области:

а) Градење на капацитети на лица и групи: пристап на пазарот на невработени лица; раст на малите и средните претпријатија; создавање извори на приходи на невладини организации; стручност, знаење и обука за економски развој на региони и општини; градење на капацитети на тим и воспоставување на ефективно партнерство за успешно спроведување на проекти;

Во последните 19 години успешно беа спроведени повеќе од 350 семинари со 4000 учесници и 15 проекти според стандардните барања на меѓународната заедница. Тимовите се составени од 50 експерти од различни области и тие успешно ги советуваа општините, компаниите, деловните здруженија, невладините организации, малите и средни претпријатија и поединци во Република Северна Македонија.

Ветување: Извонреден квалитет на услугута за сите корисници.

Reviews

There are no reviews yet.

Add Review

Add Review

Be the first to review “Здружение за Бизниси и Консултанти КРЕАЦИЈА Скопје”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.